Судиски гаф на СП: Азар му додаде на Канаѓанец, арбитарот крена офсајд (ВИДЕО)

Судиски гаф се случи на Светското првенство (СП) во Катар, кога Канада можеше да постигне гол против Белгија, во првото полувреме.

Имено, по една мешаница, топката заврши до Еден Азар. Белгиецот погреши и додаде до противнички фудбалер кој беше фаулиран, ама линискиот судија реши да го крене знаменцето и да покаже офсајд-позиција.

Потегот наиде на сеир на социјалните мрежи, а пред полувремето Белгија успеа да ѝ даде гол на Канада за предност.

Состави

Роберто Мартинез

3-4-3

    Џон Хердман

    3-4-3