• Горан Упале

Вардар, Брера, Шкендија и Струга Трим Лум се екипите кои што остануваат во битката за трофејот во Купот на Македонија. Ако победите на Струга и Шкендија се чисти како „солза“, на натпреварите во Скопје и Струмица имаше неколку спорни моменти, кои ја разбранија македонската фудбалска јавност.
Силекс и Арсими сметаа дека се оштетени на натпреварите со Вардар и Брера, а тоа го потврди и Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија. Во својата анализа Судиската комисија констатираше дека голот за победа на Вардар не е регуларен, додека Арсими е оштетен за удар од единаесет метри.
„Во 68. минута од натпреварот Вардар – Силекс направена е погрешна проценка од првиот асистент судија при постигнувањето на голот на домашната екипа и истата уште по завршување на натпреварот е потврдена од контролорот.
Истовремено, Одборот на судии информира дека и на натпреварот помеѓу екипите на Брера и Арсими во 78. минута е направена погрешна проценка од главниот судија и не е досуден пенал за гостинската екипа“, меѓу другото стои во анализата на Судиската комисија.
Комплетната анализа на Судиската комисија може да ја прочитатат на овој ЛИНК:
За ваквите реакции и осуди да се сведат на минимум потребно е воведување на ВАР-технологијата во мак-фудбалот, нешто што е приоритет на новото раководството на Фудбалската федерација на Македонија.