• Горан Упале
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 16. коло во ПМФЛ и не констатираше ниту една погрешна проценка на арбитрите.
Најмногу прашина се крена на натпреварот меѓу Вардар и шампионот Струга. Главниот судија на оваа средба Крумислав Ѓорѓиев досуди два пенали, по еден за двете екипи. Судиската комисија смета дека двете одлуки беа правилни, но не се сложи со критиките на Вардар, дека во финишот од првиот дел имаше најстрога казна за „црвено-црните“.
Односно сметаат дека Ѓорѓиев не погрешил што не досудил пенал за Вардар. Најтрофејниот утрово испрати соопштение во кое остро го критикува судијата Ѓорѓиев. Судиите својата задача си ја завршија перфектно и на останатите натпревари кои се одиграа во средата.
Комплетната судиска анализа може да ја погледнете ја ОВОЈ линк.