Судиската комисија ги потврди грешките на Стојчевски: Воска двапати оштетена против Струга

Натпреварот меѓу Струга Трим Љум и Воска Спорт донесе многу полемики околу извојуваната победа над шампионот од 1-0. Стружани до посакуваните три бода стигнаа со гол од пенал во самиот финиш, а токму таа ситуација, беше прегледувана од страна на Судиската комисија при ФФМ и беше констатирано дека охриѓани се оштетени.

Но, не само со таа одлука на главниот судија, Игор Стојчевски, туку арбитарот неколку минути претходно не досудил чист пенал за Воска Спорт. Исто така и оваа ситуација Судиската комисија ја процени како погрешна одлука на главниот судија. Инаку, од Судиската комисија објасни и зошто во последен момент дојде до промена на судиите на овој натпревар.

„На натпреварот Фк.Струга Трим Лум – Воска Спорт првично делегиран главен судија беше Стојан Трпчевски, но заради грешка на натпреварот Победа - Пелистер (недисуден пенал) на негово место нов делегиран судија беше Игор Стојчевски". 

Во средата се одигра уште еден натпревар во ПМФЛ, но на тој меѓу Вардар и Силекс судиите одлично си ја завршија својата задача.

Комплетната судиска анализа може да ја прочитате на ОВОЈ линк.