ВИДЕО: Судиска лакрдија во финалето, Македонија У21 загуби од Словаците

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година доживеа пораз од Словачка (0-1) во финалето на Анталија Куп кое се играше во Турција, а беше одбележано од спорна арбитража од страна на судиите.

Словаците постигнаа еден гол во нашата мрежа, но вреди да се напомене дека Македонија У21 не доби два пенали, од кои вториот беше евидентен, затоа што Христијан Малески беше повлечен за дрес и урнат во казнетиот простор. Но, судиите одлучија дека нема елементи за најстрога казна.

  • Недосудениот пенал за Македонија У21:

Што се однесува до победничкиот гол, Словачка го постигна во второто полувреме. По едно невнимание и центаршут во шеснаесетникот во 67. минута Доминик Веселовски ја прими топката и ја смести во нашата мрежа.

  • Победничкиот гол на Словачка против Македонија У21:

Избраниците на Драган Канатларовски на овој турнир одиграа три натпревари. Првиот го загубија од Летонија (0-3), а потоа славеа против Финска по изведување на пенали благодарение на голманот Марко Алчевски кој имаше две одбрани.

Овие пријателски натпревари за нашиот национален тим беа подготовка за квалификациите за ЕП 2025 кое ќе се игра во Словачка.