Судиска комисија: Стојчевски судел коректно, протестите на Гостивар неосновани

Само еден ден по контроверзното напуштање на теренот на Гостивар во финишот од натпреварот против Работнички, Одборот на судии при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го анализираше судењето на Игор Стојчевски и неговите асистенти.

Експертите им дадоа за право на скопските судии и сметаат дека исклучувањето на фудбалерот на Гостивар, Ли Ирвин.

- Играчот од домашната екипа со број 33 преостро стартува на нога од позади над гостинскиот играч, а во истиот момент играчот со број 9 од домашната екипа со лизгачки старт и висок интензитет со отворен ѓон, грубо стартува во пределот над глуждот на гостинскиот играч и со тоа ја загрозува неговата безбедност.

Исправна одлука на главниот судија кој има има одлична прегледност и е многу добро поставен, без размислување оправдано да му додели директен црвен картон на играчот со број 9 од домашната екипа за груба игра, а на играчот со број 33 од домашната екипа жолт картон за преостар старт, се вели во анализата на натпреварот.

Исто така утврдено е дека голот за водство на Работнички е регуларен и нема недозволена позиција, како што бараа гостиварчани.

Контролор на овој натпревар беше Никола Караколев од Штип и ја оцени судиската четворка со висока оценка 8.5.

Целосната анализа за судењето во 29. коло на ПМФЛ погледнете ја на ОВОЈ линк.