Судиска анализа: Воска не е оштетена од судиите, Кожуф со право реагираше

Судиската комисија која работи при Фудбалската федерација на Македонија ги анализира натпреварите од 20. коло на ПМФЛ и 17. коло на ВМФЛ кои се играа в сабота и недела изминатиот викенд. 

Кај прволигашите, се разгледуваа ситуации од натпреварите меѓу Вардар и Брегалница, Воска Спорт против Силекс, Струга Трим Љум со Шкупи и Шкендија против Гостивар. Реакција за арбитражата на своја штета изнесе Воска, која се пожали дека во неколку наврати Ндерим Тефику и помошниците судии ја оштетиле во поразот од Силекс. 

<<< - ПОВРЗАНО - Воска Спорт: Колку пати ќе нè оштетат? Судијата Тефику влијаеше на резултатот против Силекс (ВИДЕО)

<<< - ПОВРЗАНО - ФК Кожуф се пожали: Ако судењето не се подобри, подготвени сме да се повлечеме од ВМФЛ!

Од друга страна, во ВМФЛ реагираа од Кожуф и беа во право. Гевгеличани останаа со десетмина, бидејќи Бојан Иванов престрого доби црвен картон по една конфронтација со противнички фудбалер. Исто така, оштетен е и тимот на Новаци за поништен погодок за израмнување при 1-2. Голот е поништен заради недозволена позиција. 

Целосната анализа на Судиската комисија погледнете ја на ОВОЈ линк.