Судиска анализа во ВМФЛ: Дербито во Гостивар перфектно отсудено, Пехчево оштетенo за пенал

Пехчево

Судиска комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од петтото коло на Втората македонска фудбалска лига и констатираше само една погрешна проценка на арбитрите.

Погрешна одлука имаше на натпреварот во Маџари, меѓу Локомотива Пехчево и Тетекс. Во 55. минута домашниот тим бил оштетен од судијата Ивана Пројковска, бидејќи не добил очигледен удар од 11 метри. Се прегледуваа уште седум спорни ситуации, од шест различни натпревари, на кои според комисијата судиите ги донеле вистинските одлуки.

Најмногу се „чешлаше“ дербито меѓу Гостивар и Воска Спорт, кое предизвика бројни реакции во јавноста, поради инцидентот што се случи по последниот судиски свиреж. Сепак, за време на натпреварот и покрај бројните спорни моменти судијата Стојанче Стојанов одлично си ја завршил својата работа.

Целосната судиска анализа за натпреварите од петтото коло во ВМФП можете да ја видите на ОВОЈ линк.