• Горан Упале

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија и оваа сезона ја продолжува праксата од претходната и носи заклучоци за начинот на судењето во Првата македонска фудбалска лига.
Изминатиов викенд се одигра седмото коло од новиот шампионат, а Судиската комисија констатираше две погрешки одлуки на арбитрите, на натпреварите меѓу Силекс и Шкендија и Брегалница против Струга Трим Љум.
На средбата во Штип вториот помошен судија неоправдано поништи гол на гостите од Струга, подигнувајќи го знаменцето за офсајд позиција. Додека на дербито во Кратово Судиската комисија констатираше дека Ставрев им подари пенал на домаќините.
Кај второлигашите имаше само една забелешка, на натпреварот меѓу Новаци – Башкими.