Судиска анализа: Работнички оштетен за пенал против Шкупи

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги изнесе своите заклучоци по одиграните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија. 

Делителите на правдата во најголем дел успешно ја завршија својата работа, а единствен натпревар на кој имало грешка на судиската тројка е оној меѓу Работнички и Шкупи. Комисијата донесе заклучок дека главниот судија Ѓоргиев направил превид и не досудил чист пенал за домашната екипа во 66. минута од натпреварот. На оваа средба комисијата го анализира и моментот во 77. минута кога Работнички бараше пенал поради игра со рака.

Покрај тоа, се разгледуваше црвениот картон за голманот на Брегалница во дуелот со Воска и е утврдено дека Александар Ставрев проценил правилно. Потврдено е и исклучувањето на Марко Ѓорѓиевски од Силекс во поразот од Македонија Ѓорче Петров.

Целосната судиска анализа можете да ја погледнете на ОВОЈ линк.