Судиска анализа: „Пандевци“ оштетени на мечот со Шкупи, поништен чист гол за Тетекс

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ја изнесе својата анализа за судењето на мечевите од ПМФЛ и ВМФЛ, кои беа одиграни минатиот викенд. 

Во анализата се изнесени неколку спорни моменти од одредени мечево во Првата и Втората македонска фудбалска лига, а истите директно влијаеле врз конечниот резултат и освојувањето бодови на екипите. Судиската комисија при ФФМ утврдила дека на мечот Академија Пандев - Шкупи, гостинската екипа постигнала гол во 30. мунута после очигледна офсајд ситуација, а помошникот требало да сигнализира недозволена позиција за гостинскот играч. 

Погрешна била одлуката на првиот помошен судија, голот требало да биде поништен и да се досуди индиректен слободен удар за домакините (офсајд позиција), бидејки играчот на гостите кој сакал да игра со топката, влијаел на противничкиот играч и се наогал во недозволена офсајд позиција во моментот на центаршутот (пред предпоследниот играч од одбраната на домакините).

>>> ФК Тетекс пак оштетен, најави кривична пријава за еден од судиите!

На мечот од ВМФЛ помеѓу екипите на ФК Саса и ФК Тетекс, комисијата исто така утврдила погрешна проценка на вториот помошен судија кој сигнализирал офсајд ситуација и на тој начин бил поништен регуларен погодок за гостинската екипа на Тетекс.

Утврдена е погрешна одлука на вториот помошен судија, голот што го постигнала екипата на гостите е регуларен и требало да биде признат, бидејќи играчот на гостите во моментот на додавањето на топката од неговиот соиграч се наоѓал во дозволена позиција (позади претпоследниот играч од одбраната на домакините.

Судиската комисија со оваа анализа опфати и уште неколку мечеви со спорни ситуации, а целата детална анализа можете да ја прочитате тука