Судиска анализа: Една грешка во осмото коло во ПМФЛ, Победа требаше да добие црвен картон

Последното коло пред првата репрезентативна пауза оваа сезона, не донесе контроверзни ситуации на фудбалските терени во Македонија. Судиска комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од осмото коло на Првата македонска фудбалска лига и констатираше само една погрешна проценка на арбитрите.

Грешка направи Игор Стојчевски, кој на натпреварот меѓу Работнички и Победа не досуди црвен картон за домашниот тим. Според комисијата, фудбалерот кој стартувал грубо и со отворен ѓон заслужил директен црвен картон, без разлика што се играше третата минута од натпреварот. Стојчевски за тој старт подели жолт картон.

На останатите натпревари кои биле анализирани, не се констатирани погрешни одлуки на судиите. 

Целосната судиска анализа за натпреварите од осмото коло во ПМФЛ можете да ја видите на ОВОЈ линк.