Судиска анализа: Арбитрите во ПМФЛ и ВМФЛ без грешка изминатиот викенд

Судиската комисија која работи при Фудбалската федерација на Македонија ги анализира ситуациите од 32. коло на ПМФЛ и 28. коло на ВМФЛ

Овојпат за разлика од други рунди, комисијата немаше премногу работа и разгледуваше само две спорни ситуации. Првата одлука беше да не се досуди пенал за екипата на Воска на гостувањето кај Тиквеш во 14. минута и тоа е коректно. 

На пресметката меѓу Шкупи и Брера оправдано е поништен гол на чаирчани поради недозволена позиција во 29. минута. 

На терените во Втората македонска фудбалска лига не се забележани спорни моменти. 

Целосната судиска анализа можете да ја прочитата на ОВОЈ линк.