ВИДЕО: Судијата се подготвуваше да го спречи Адеми, но остана без свирче

Адеми

Аријан Адеми беше стрелец на погодокот со кој Динамо Загреб оствари значајна победа на гостувањето кај Горица.

Македонскиот репрезентативец реализира во 86. минута, а на погодокот му претходеше несекојдневна ситуација. Главниот судија Зденко Ловриќ беше подготвен да ја прекине акцијата поради фаул, но остана без свирче и не реагираше навреме за да спречи гостинска предност.

Осијек и Хајдук Сплит запишаа лоши резултати изминатиот викенд, па загрепчани побегнаа на врвот на табелата во ХНЛ лигата.