Судијата Оливер конечно објасни зошто не го исклучи Пикфорд по стартот врз Ван Дајк

Пикфорд

Прекрѓокот кој предизвика тешка повреда на Вирџил Ван Дајк донесе бурни реакции по дуелот меѓу Евертон и Ливерпул.

Голманот на „карамелите“, Џордан Пикфорд, стартуваше невнимателно со противничкиот дефанзивец и го натера да прави долга пауза од терените. На удар на јавноста тогаш беше главниот судија Мајкл Оливер. Од него се бараше објаснување зошто не доделил црвен картон во оваа ситуација.

Конечно англискиот судија јавно зборуваше за мечот на „Гудисон Парк“ и кобниот момент за Холанѓанецот и неговиот тим.

„Првично помислата беше „не може да биде пенал затоа што постои офсајд, затоа треба прво да го провериме офсајдот“. Мислам дека му реков на ВАР: „Ако не е во офсајд, ќе морам да покажам на белата точка“.

Јас го гледав тој момент многу пати. Навистина не мислам дека Пикфорд направи нешто лошо освен обид да се рашири, но тој го стори тоа на погрешен начин, што ја предизвика повредата. Ние сите, вклучително и јас, не размислувавме за фаулот колку што требаше. Признавам дека можевме да покажеме офсајд и да го исклучиме Пикфорд“, рече англискиот судија.

Сезоната за Ван Дајк скоро сигурно е завршена, но последните фотографии од тренинг центарот даваат надеж кај фановите дека тој би можел да се врати во тимот на Јирген Клоп пред самиот крај.