• Саше Љолес
Поранешниот холандски фудбалер, Весли Снајдер, остро го критикуваше играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, по неговото исклучување на натпреварот со Баерн Минхен.
Снајдер смета дека главниот виновник за ситуацијата не е судијата, туку самиот француски фудбалер, кој доби втор жолт картон во финишот од мечот.
„Камавинга се однесуваше како глупав идиот. Го правиш ова откако веќе имаш жолт картон. На ова ниво, тоа е едноставно недозволиво. Наместо да се жалат на судијата, треба да погледнат што направи Камавинга и да извлечат поука“, потенцираше поранешниот холандски ас.
Исклучувањето на Камавинга беше еден од клучните моменти на натпреварот, по кој Реал Мадрид прими два брзи гола и доживеа елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите.




