• Горан Упале
Англискиот судија Дејвид Кут е тема на денот во Англија, откако на социјалните мрежи се појави видео како ги навредува Ливерпул и тогашниот менаџер Јирген Клоп.
Поради споменатото видео Премиер лигата реши да го суспендира Кут, сè додека случајот целосно не биде разрешен. Сепак, тој демантираше сè.
<<< ПОВРЗАНО - Скандал во Премиер: Судија суспендиран поради сочни пцовки за Ливерпул и Клоп
Како што пренесуваат медиумите во Англија, Дејвид Кут истакнал дека видеото не е оригинално, односно дека се е монтирано, а технолошките експерти во Фудбалската асоцијација на Англија во моментов го истражуваат овој случај.
Судската организација ПГМОЛ нема да го коментира случајот додека не заврши истрагата, јавуваат британските медиуми.