• Мартин Танасковски

Фудбалската репрезентација на Украина не успеа да се пласира на Светското првенство кое ќе се игра во Катар, поради поразот од Велс (0-1).
Дуелот на стадионот во Кардиф го реши еден автогол. По крајот на натпреварот, неуспехот тешко му падна на Олександр Зинченко. Играчот на Манчестер Сити се расплака на средината од теренот, но доби утеха.
Му пријде судијата Антонио Лахоз и двајцата имаа мала конверзација, како утеха за елиминацијата.


