„Судијата го побарал дресот на Роналдо – па ова е Мундијал, не е циркуз“

Фудбалската селекцијата на Португалија ја запиша првата победа на Светското првенство, откако во денешниот прв натпревар во Русија со минимални 1-0 беше поуспешна од репрезентацијата на Мароко. 

Повторно човек на одлука за „европските Бразилци“ беше Кристијано Роналдо, а еден детаљ по завршувањето на првиот дел од одбележа овој меч. Наводно актерите пред да влезат во соблекувалните главниот судија Марк Геигер го побарал дресот на португалскиот капитен, што наиде на многу негодувања кај фудбалската јавност. 

Меѓу критичарите се најде и репрезентативецот на Мароко, Нордин Амрабат, кој истакна дека ова е Мундијал, а не циркус. 

„Не знам што има работено во минатото, но денес беше импресиониран од Роналдо. Од Пепе дознав дека на полувреме барал дрес од Кристијано. За што зборуваме ние овде? Ова е Светско првенство, не е циркус“, вели Амрабат. 

Со оваа победа Португалија е на чекор до осминафинале, а во последното коло ќе се судри со селекцијата на Иран.