Судијата досуди пенал, но...: Восхитувачки фер-плеј потег на асот на Јунајтед!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу, направи восхитувачки фер-плеј потег во победата над Реал Сосиедад (4-1).

„Црвените ѓаволи“ водеа со 2-1 (вкупно 3-2) во осминафиналниот дуел со шпанскиот тим, кога им беше досуден третиот пенал на натпреварот во 85. минута. Десниот бек на гостите Хамари Траоре стартуваше врз Данецот и судијата досуди трет пенал за домаќинот.

Но, додека траеше ВАР-прегледот Доргу му пријде на судијата Беноа Бастиен и на неверување на сите му гестикулираше дека немало елементи за пенал. Можеби тоа не му одговараше не неговиот тим, но Доргу од целата ситуација излезе со чист образ. 

Неговиот благороден чин го пофали и стратегот на тимот од „Олд Трафорд“, Рубен Аморим.

„Тој направи добра работа, горд сум на него. Сепак, не можам да кажам дека би реагирал исто да бевме во друга позиција“.

Во четвртфиналето Манчестер Јунајтед ќе се судри со Лион.