• Горан Упале

Од данската втора лига ни доаѓа една од најбизарните ситуации од фудбалските терени за време на викендов.
Главниот судија на натпреварот меѓу Вендсисел и Фредериција поради несекојдевна реакција стана хит на социјалните мрежи. Имено, први водство на домаќините, (1-0) кон средината на првото полувреме, гостите имаа заканувачки контранапад, но судијата ја прекина играта и досуди прекршок.
Во истиот момент сфати дека направи голема грешка, бидејќи еден од гостинските напаѓачи излезе сам пред домашниот голман, па во агонија падна на колена и се фати за главата.