ВИДЕО: „Судија“ се израдува на победата на Ливерпул против Тотенхем

Ливерпул судија

Дербито во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Тотенхем им припадна на фудбалерите на Јирген Клоп. Тимот од „Енфилд“ стигна до тешки три бода и тоа со автогол на несреќниот дефанзивец Тоби Алдервирелд.

>>> ВИДЕО: „Енфилд“ го слави трагичарот Алдервирелд, Ливерпул одново на врвот на ПЛ

Фановите забележаа чудна реакција на еден човек кој седеше во просторот кај судиите покрај аут-линијата. Победничкиот погодок го прослави со насмевка и стисната тупаница, што наиде на шок кај англиската јавност.

Погледнете ја неговата реакција:

Ден подоцна целата ситуација беше разјаснета, за да нема никакви забуни. Се работи за физиотерапевт кој е задолжен за арбитрите кого го ангажираше домашниот тим.

Голот за 2-1 беше 400. на „црвените“ под водство на германскиот стручњак.