Судија прекина меч поради непочитување на правилата за дистанца од страна на навивачите

Алборг

Финалето на Купот на Данска доживеа неочекуван прекин од страна на судијата. Поради непочитување на социјалната дистанца која е препорачана во овој период, главниот арбитар го прекина натпреварот на 15 минути во првиот дел, додека ситуацијата не се среди.

Навивачите на Алборг беа во контакт со фудбалерите, но првично не сакаа да слушнат да седнат на своите места. Потоа надлежните органи немаа избор, па ги исфрлија од стадион и ги вратија дома.

Секоја од екипите доби 750 влезници за своите навивачи. На крај победата ја однесе Сондерјиске со 2-0.

Данската влада дозволи зголемување на групирањето во наредниот период, под услов да има дистанца од еден метар. Во Копенхаген на пример е дозволено да има над 10.000 навивачи на стадион со капацитет од 38.000 места.