ВИДЕО: Судија отсуди крај, па се предомисли и им даде пенал за победа на „ѓаволите“

Досега невидена одлука по имплементацијата на ВАР-системот се случи во надополнувањето на загубеното време во Брајтон, на дуелот на истоимената домашна екипа и Манчестер Јунајтед. 

При 2-2 сите фудбалери се преселија пред голот на „галебите“ и по една мешаница, Мегваер биеше со глава, топката го погоди Мопеј во раката, а иако главниот судија отсуди крај на натпреварот, по прегледувањето на ВАР-снимката ја смени одлуката и досуди најстрога казна

Бруно Фернандеш од пенал реализираше за 2-3 и победа на тимот на Оле Гунар Солскјер.