• Зоран Мишевски

Фудбалерите на Реал Мадрид и на Пачука попладнево ќе се сретнат во финалето на Интерконтиненталниот Куп. Натпреварот ќе биде одигран на стадионот„Лусаил“ во Катар со почеток во 18.00 часот.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) финалето му го додели на судијата, Хозе Валензуела од Венецуела. Помошници ќе му бидат неговите сонародници Хорхе Урехо и Тулио Морено а четврти судија е Иван Бартон од Салвадор.
41-годишниот судија беше избран за најдобар во Јужна Америка во 2021 година.