• Горан Упале
Челниците на ФИФА го одредија судискиот тим за полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Шпанија и Франција.
Главен судија ќе биде Салвадорецот Иван Бартон, додека негови помошници ќе бидат сонародниците Давид Моран и Антонио Пупиро. Улогата на четврти судија му е доверена на Швеѓанецот Глен Ниберг, а петти судија ќе биде Махбод Беиги, исто така од Шведска.
Полуфиналната пресметка меѓу Шпанија и Франција ќе го даде првиот финалист на Мундијалот, кој ќе се бори за светската титула во Њујорк.



