• Горан Упале
Европската фудбалска федерација (УЕФА) соопшти дека го отстранила италијанскиот судија Фабио Мареска од денешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон.
Мареска требаше да биде четврти судија, но тој беше избришан од списокот, бидејќи на натпреварот од кувајтското првенство меѓу Кувајт и Ал-Араби му се закануваше на еден од играчите со смрт. Италијанецот беше јавно обвинет за закани, а УЕФА брзо реагираше и го симна од списокот за натпреварот од Лигата на шампионите.
Неговото место ќе го пополни неговиот сонародник Даниеле Довери. Главен судија на натпреварот помеѓу ПСВ Ајднховен и Спортинг ќе биде Марко Гуида, а помошници ќе бидат Чиро Карбоне и Џорџо Перети. Минатата сезона Мареска го судеше натпреварот од Купот на Хрватска меѓу Динамо и Хајдук на Пољуд.