ВИДЕО: Судиите ја „турнаа“ Барса кон триумф? Еве ги спорните одлуки!

Барселона со голема мака го победи Ваљадолид (1-0), а шпанската јавност е бесна на судиите кои ја делеа правдата на овој натпревар на чело со Сантиаго Хаиме Латре, затоа што според нив, каталонскиот гигант дојде до три бода против тимот кој се бори за опстанок со спорни одлуки.

Двете одлуки кои го одбележаа мечот на „Камп Ноу“ беа на штета на Ваљадолид. Првиот беше недосуден пенал во 60. минута, по очигледна игра со рака на Жорди Алба. Судиите оценија дека нема елементи за најстрога казна дури и по прегледување на ВАР.

  • Недосудениот пенал за Ваљадолид:

Потоа, следеше црвен картон за Плано во 79. минута, поради старт од зад грб врз Дембеле. Гостите се бунеа и на таа одлука, но, сепак, судијата остана доследен дека тоа е старт за црвен картон.

  • Црвениот картон за Ваљадолид:

Победничкиот гол Барселона го даде во 90. минута, а стрелец беше Осман Дембеле. Дали Барселона доби „ветер во грбот“ да го победи Ваљадолид? Проценете...