Судиите грешеле само во ВМФЛ, мечевите во ПМФЛ се „чисти“

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја објави анализата за последното коло во ПМФЛ и ВМФЛ, а грешки се забележани на само два натпревари во второлигашкиот ранг.

Од ФФМ објавија дека на натпреварот меѓу Локомотива Пехчево и Пелистер, еден од головите на домашната екипа бил постигнат од офсајд-позиција која судиите не ја санкционирале и не ја забележале. Се работи за момент во 44. минута.

Погрешна проценка имало и на натпреварот меѓу Воска Спорт и ГФК Охрид, на кој не е дадена правилна информација за дисциплинска мерка. Пред да се изведе почетен удар за екипата на гостите, играч од екипата на домаќините неспортски (со интензитет) го турна во градите играчот од екипата на гостите, главниот судија беше свртен со грбот и ја немаше ситуацијата во прегледност.

Во оваа ситуација главниот судија додели црвен картон бидејки виде крв на лицето на играчот на гостите, меѓутоа целата ситуација се одвиваше пред вториот помошен судија, но главниот судија не доби правилна информација од него за да се додели жолт картон, бидејки туркањето беше во гради.

За останатите спорни моменти кои се разгледуваа, одлуките на судиите се точни. Целата објава на Судиската комисија можете да ја погледнете ОВДЕ.