Судии од Казахстан во битката за плеј-оф на Шкендија

УЕФА ги одреди официјалните лица за реванш-натпреварот од третото квалификациско коло во Конференциската лига меѓу Шкендија и Хибернијан.

Главен судија на натпреварот ќе биде Казахстанецот Болат Сариев. Негови помошници ќе бидат сонародниците Сергеј Васјутин и Денис Лабашов, додека четврти судија е Данил Горда.

Во ВАР-собата ќе работи Ајдин Тасибаев од Казахстан, а негов асистент ќе биде унгарскиот арбитар Тамаш Боњар.

За судењето ќе биде задолжен УЕФА судискиот набљудувач Сергејус Слива од Литванија, додека делегат на УЕФА на овој натпревар ќе биде Мамука Кварацхелија од Грузија.

Средбата ќе се одигра на 13 август на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:00 часот по средноевропско време.