ВИДЕО: Суарез симулираше и против „својата“ Барса, Пике не можеше да поверува

Пике

Луис Суарез за првпат се врати на „Камп Ноу“, по заминувањето во Атлетико Мадрид. Големото дерби од шпанска Примера заврши без победник и ја остави неизвесноста во трката за титулата.

Уругвајскиот напаѓач имаше можност да се сретне со своите поранешни соиграчи. Жерард Пике имаше директен судир со него и во еден момент негодуваше поради театралноста која голгетерот на гостите ја прикажа за време на натпреварот.

Во еден момент шпанскиот дефанзивец го нарече: „Ајде, дебелко, те можам не си играј со нас...“.

Реал Мадрид би можел да профитира од ремито без голови и да застане во пол-позиција за трофејот.