• Горан Упале
Луис Суарез повторно е фатен како гризе фудбалер на натпревар. Овој пат негова жртва беше соиграчот Жорди Алба, долгогодишен колега од Барселона, а сега во Интер Мајами. Во текот на својата кариера, која ја градеше во Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико, Уругваецот призна дека тешко го контролира својот темперамент.
На дуелот меѓу Интер и Лос Анџелес (заврши со резултат 3-1 во Лигата на шампионите на КОНКАКАФ), изби гужва на теренот во 89. минута. Суарез се обиде да ја смири ситуацијата и да го оддалечи Алба од конфликтот, но кога Каталонецот се обиде да го оттурне, Суарез, како што се гледа на видеото, се обиде да му ги гризне прстите.
A cámara lenta y con música del tiburón me cago más pic.twitter.com/F8SJjo8URr
— Peter (@Peterappletree) April 13, 2025
Ова е уште еден во низата напади со гризење на Суарез на фудбалските терени, но прв кон соиграч.