Суарез (не)симулира, постои контакт со голманот Кејлор Навас

Пеналот од Кејлор Навас врз Луис Суарез синоќа во Суперкупот на Шпанија во Барселона донесе нови полемики, вообичаени за „Ел Класико“ натпреварите. Уругаваецот најчесто се обвинува за симулирање или преувеличување и многумина веруваат дека ако не би играл за голем клуб како Барса, не би имал таков треман како судиите.

Сепак, една видео снимка и фотографија покажуваат дека Костариканецот Кејлор Навас направил груба грешка и му дал повод на Суарез да изнуди пенал. Имено, Кејлор Навас ја ставил рака на ногата на напаѓачот на Барса, а со оглед на тоа дека тој се наоѓаше во тежок агол за удар, Суарез едвај чекаше да дојде контакт и да се обиде да изнуди пенал.

Бенгоечеа наседна и покажа на белата точка, а Меси пеналот го претвори во гол. Сепак, и покрај тој гол, Барса загуби пред своите гледачи од Реал Мадрид со 1-3.