ВИДЕО: Суарез „му прости“ на Јунајтед и промаши зицер за 0-2

Луис Суарез промашување

Иако не доминираше како во првото полувреме, Барселона имаше можност да постигне и втор погодок на „Олд Трафорд“.

Одличната комбинација на Нелсон Семедо и Луис Суарез заврши со удар во надворешниот дел од мрежата на Давид Де Хеа. Уругвајскиот напаѓач овојпат не беше доволно присебен да ја комплетира акцијата и дополнително да му го загорчи двомечот на Манчестер Јунајтед.

  • Погледнете го промашувањето на Луис Суарез:

Каталонците обезбедија минимална предност пред реваншот на „Камп Ноу“ и се многу блиску до полуфиналната фаза од Лигата на шампионите.