Суарез и неговото „гризење“ ја натераа ФИФА да воведе ново фудбалско правило

Суарез Кјелини

За првпат во правилникот на фудбалската игра ќе стои правило со кое ќе се санкционира секој фудбалер кој ќе гризне свој противник со директен црвен картон. Причината за воведување на ова правило се испадите на Луис Суарез во Ајакс, Ливерпул и репрезентацијата на Уругвај.

Уругваецот се „прослави“ со инцидентите против Џорџо Кјелини, Отман Бакала и Бранислав Ивановиќ.

Последното вакво однесување на напаѓачот на Барселона во дуелот со Кјелини му донесе казна од четири месеци.