• Саше Љолес
Начинот на кој Њукасл Јунајтед се збогуваше со Бруно Гимараеш предизвика големо внимание во Англија. Наместо емотивна порака за капитенот и еден од најважните играчи во новата ера на клубот, соопштението беше прилично „студено“ и најмногу се фокусираше на финансискиот аспект од трансферот.
Клубот истакна дека станува збор за една од десетте најголеми трансферни отштети во историјата за играч на 28 или повеќе години, како и за рекордна сума за фудбалер на таа возраст и позиција.
Гимараеш во Њукасл одигра 195 натпревари и постигна 31 гол, а беше еден од симболите на клубот во периодот на неговото враќање во Лигата на шампионите и освојувањето на Лига купот во 2025 година.
Токму затоа, дел од навивачите сметаат дека капитенот заслужил многу посрдечно збогување, наместо порака која повеќе личеше на објаснување зошто клубот решил да го продаде. Според последните информации, Арсенал на Њукасл ќе му исплати скоро 88 милиони евра за трансферот на Бразилецот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.








