Студен туш на „Камп Ноу“: Барса едвај се спаси од пораз со Гранада (ВИДЕО)

Барселона важеше за голем фаворит, но не успеа да победи дома со Гранада (1-1) и така тимот со второто овосезонско реми направи голем чекор назад во битката за врвот во шпанска Примера, на кој во пол-позиција веќе е Реал Мадрид.

  • Извештај од натпреварот:

Двата тима во последните четири меѓусебни пресметки запишаа по две победи, а Гранада за малку не ја презеде предноста кога се говори за успесите во изминатите сезони. Навивачите на Барселона предвреме си ги запишаа трите бода на „Камп Ноу“, меѓутоа Куман на терен извади состав кој можеби не тренира ниту заедно, па следеа проблемите. Просекот на стартниот состав на Барселона изнесуваше 24,3 години. Пике се врати во тимот за првпат по 2019 година, но не стартуваше и во одбраната беа Дест (20), Гарсија (20), Араухо (22) и дебитантот Алехандро Балде (18). Во стартниот состав се најде и уште еден тинејџер, тоа беше 18-годишниот Јусуф Демир.

Коцкањето на каталонскиот тим му се удри од глава по само 85 секунди игра. Гранада дојде до предност благодарение на голот на Домингос Дуарте, кој реализира по асистенција на Ескудеро. Потоа Барселона ја држеше топката и го имаше поседот, но до крајот на паузата имаше само една сериозна шанса за гол и тоа пред финишот на првиот дел кога се обиде Араухо, но голманот Максимилијано изведе феноменална одбрана.

Во вториот дел Гранада беше во подредена улога, Барселона беше тимот што играше и притискаше, а на реализација навивачите на каталонскиот клуб чекаа дури до 90. минута. Домашниот тим од пораз го спаси Араухо, по асистенција на нововлезениот Гави.

Барселона сега е седма во Примера со две победи и две ремија. Гранада останува без победа и по пет кола, но на контото има три нерешени. Следната рунда за каталонскиот тим носи гостување кај Кадиз.

Состави

Роналд Куман

4-4-2

    Robert Moreno

    4-4-2