ВИДЕО: Стуани го замени Миовски и со голчиште донесе бод за Џирона со Валенсија

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стартер за Џирона во ремито против Валенсија (1-1) во последниот дуел од Примера во саботната програма.

Македонскиот играч имаше удел на теренот и креираше можности, но немаше завршница. По првиот дел без голови, Валенсија поведе со погодокот на Лопез во 58. минута и тоа беше знак за домашниот тренер да менува.

Го извади од игра Бојан Миовски во 59. минута, го внесе Стуани, а токму тој му возврати со голчиште со глава во 64. минута по асистенција на Гутиерез. Тоа беше и конечниот резултат. Столе Димитриевски остана на клупата на Валенсија.

Џирона е на 11-тото место во Примера со три нерешени во серија, додека Валенсија се наоѓа на шеснаесеттото место.