ВИДЕО: Стружани „грмат“ по Влахо - постигнаа три, признат им е само еден гол!

Секое коло некој од прволигашите протестира на арбитражата на судиите во ПМФЛ. Во десеттото коло најгласни беа стружани, кои не се задоволни од делењето на правдата на Константин Влахо во ремито во Битола против Пелистер.

Екипата на Захариевски постигна три гола, но само еден ѝ беше признат. Протестите на Струга Трим Љум се однесуваат на поништениот гол на Лена при 0-0 за прекршок врз Илиески и на Салиу при 1-1 во последниот напад на натпреварот заради недозволена позиција или игра со рака.

  • Головите и спорните моменти од натпреварот Пелистер - Струга Трим Љум: 

Во две ситуации фудбалерите на Струга Трум Љум бараа и најстрога казна заради игра со рака од Драгарски и прекршок од Илиевски, но Влахо не ја прекина играта,

Натпреварот заврши без победник, 1-1, а домаќините израмнија со голот на Хот во 90. минута.