• Зоран Мишевски
Македонија има само уште еден претставник во евро-куповите за сезоната 2024/25. По елиминациите на Тиквеш и Шкендија, првакот Струга Трим Љум остана да го претставува мак-фудбалот во Европа. Стружани испаднаа од Лигата на шампионите, по двата порази од Слован, и ќе се сретнат со Пјуник од Ерменија во второто квалификационо коло.
Денес во Нион ќе се одржи ждрепката за третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Доколку Струга Трим Љум ги елиминира Ерменците, ќе во третото коло ќе се сретне со еден од овие четири претставници: Ларне од Северна Ирска и победниците од следните натпревари - Динамо Батуми (Грузија) - Дечиќ (Црна Гора), Диферданж 03 (Луксембург) - Ордабаси (Казахстан) и Викингур Рејкјавик (Исланд) или Егнатиа (Албанија).
Ждрепката е закажана попладнево од 14:00 часот.