ВИДЕО: Струга во луд финиш го „уништи“ Башкими!

Екипата на Струга Трим Лум ја оствари целта и дојде до три бода на гостувањето кај Башкими (0-4) во рамки на Првата македонска фудбалска лига. Екипата на Шкемби заслужено ги освои бодовите во Куманово против Башкими кој скоро цел натпревар играше со човек помалку и беше хендикепиран.

  • Извештај од натпреварот:

Домашната екипа беше доста подобра и поконкретна на почетокот во создавањето на шансите и создаваше прилики пред голот на Струга. Имаше три шанси Башкими преку Алими, Ор и Аворнио да постигне гол и да го отвори мечот, но не успеа, а исто така беше поништен и погодок на Ор заради офсајд позиција. Стружани мирно ја чекаа својата шанса, а се активираа по црвениот картон кој го доби Хасан во 37. минута заради опасен старт врз Малески.

Толку Малески во 41. минута имаше можност да го отвори мечот, ама голманот Јашар се испречи пред него во еден на еден ситуација и ја сочува својата мрежа. Сепак, одбраната на десеткуваниот Башкими капитулира во судиското надополнување, кога Воша испрати хируршки прецизна топка до Компаоре, а тој со глава реализира за предност на тимот од градот крај езерото.

Вториот дел не донесе многу допадлив фудбал и беше различен од оној финиш на првиот дел кога и двете екипи играа отворено и создаваа можности. Струга ја потврди победата пред финишот во пет минути, кога постигна уште три гола. Прво Компаоре постигна втор гол со помош на пречката, а потоа реализира и Малески по една одбиена топка од слободен удар за 0-3. За крај стрелаше и македонскиот репрезентативец Бојан Илиевски.