• Саше Љолес

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум одигра контролен натпревар во пресрет на новата сезона во ПМФЛ, овој пат губејќи со конечни 2-1 од косовскиот тим, ФЦ Балкани.
Ова беше прв натпревар под водство на новиот тренер, Бледи Шкемби, кој потоа изјави дека тимот реагирал добро и одиграл квалитетен меч, без оглед на конечниот резултат.
Дуелот со Балкани се одигра на градскиот стадион во Струга. Екипата има закажано уште пет пријателски натпревари, и тоа против Пелистер, Трајал Крушевац, Лапи, Скендербег и Охрид.





