ВИДЕО: Струга ТЉ со три гола за осум минути ѝ пресуди на Академија Пандев

Фудбалерите на Струга Трим Љум запишаа убедлива победа против Академија Пандев од (3-0), во пресметката од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига. Со три погодоци за осум минути уште во првиот дел, лидерот практично го реши натпреварот, па, иако прими еден гол во продолжението, немаше простор за изненадување. 

  • Головите од натпреварот: 

Домаќинот крај Охридското езеро одигра перфектен старт на натпреварот, беше подобар и се закануваше, а првиот погодок падна во 12. минута. Бесарт Ибраими изведе мајсторија, од слободен удар од каде што сите очекуваа центаршут, тој упати незгодна топка која отскокна и го измами противничкиот голман (1-0). 

Истиот фудбалер беше творец и на вториот погодок, само три минути подоцна. Ибраими доби топка од десната напаѓачка страна, добро ја смири и најде простор за удар, па го матира Алчевски. Веќе во 20. минута стружани постигнаа и трет гол, овојпат преку младиот Сухељ Мухарем. До полувремето фаворитот одигра според планот, го задржа ривалот далеку од голот и не дозволи изненадувања. 

Сепак, Академија Пандев дојде до погодок на стартот на продолжението, а стрелец беше Михеили Ергемлидѕе веднаш во првата минута на вториот дел за 3-1. По примениот гол, намето гостински притисок, контролата ја задржаа стружани. Се играше мирно, главно на средината од теренот и без претерано многу шанси. Најблиску до нов гол беа доманите, но Ибраими погоди статива по една транзиција. До крајот на мечот немаше нови возбудувања и средбата заврши со веќе поставениот резултат. 

Струга Трим Љум не го дава врвот во ПМФЛ и го искористи киксот на Шкупи за да се одлепи на 49 бода. Шкендија е второпласирана со 44, додека ланскиот првак остана на 42. Академија Пандев, пак, дозволи Скопје да ѝ се приближи на само три бода во битката да се избегне баражот за опстанок. Во следната рунда стружани одат на гости токму кај „пиратите“, додека „пандевци“ ќе го дочекаат Работнички.