Струга ТЉ, Шкендија и Тиквеш ги дознаа потенцијалите ривали за второто коло од КЛ

Денес во 14:30 часот во Нион, Швајцарија е закажана ждрепката за второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Со тоа македонските претставници Струга Трим Љум, Шкендија и Тиквеш ги дознаа своите потенцијалните противници.

Стружани во првото коло ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите, а со евентуална елиминација од Слован Братислава се префрлуваат во Конференциската лига, па за противниц во второто квалификациско коло ќе имаат еден од поразените од паровите:

Лудогорец  - Динамо Батуми
Флора Талин - Целје 
Хамрун Спартанс  - Линколн Ред Импс 
Динамо Минск - Пјуник 
Ордабаси  - Петрокуб 
Викингур Рејкјавик  - Шамрок Роверс 

Шкендија за прв ривал го доби Ноах од Ерменија, а доколку тетовчани ја минат оваа фаза ќе се судрат со еден од овие тимови:

Сиулијаи  - Левадија Талин
Браво  - Конна Кеј Номадс
ФК Академија Пушкаш (ХУН)
ФК ЦСКА 1948 
Слиема Вондерерс 

Тиквеш, пак, го избегна Хајдук и има шест потенцијални ривали за второто коло.

Дрита 
Торшван 
Кернарфон Таун  - Крусадерс 
Илвес Тампере 
Трансинвест

Првото коло од квалификациите за Конференциската лига е закажано за 11 и 18 јули.