Струга ТЉ се пофали со српски фудбалер за врска

Како што веќе беше најавено, Струга Трим Љум ги засили своите редови со српскиот фудбалер Немања Босанчиќ.

25-годишниот офанзивен играч за врска парафира соработка со изненадувањето во есенскиот дел од ПМФЛ и им се приклучи на новите соиграчи. Босанчиќ веќе играше на пријателската средба со Пелистер и е на располагање на тимот. Тој доаѓа од редовите второлигашот Колубара, а играше во минатото и за Инџија, Борац и Беране. 

Претходно од редовите на Струга заминаа Ајети, Хајредини и Мазари, па Босанчиќ е првото ново име во тимот на Срѓан Захариевски. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.