Струга ТЉ промовира две засилувања од Шкендија и Академија Пандев

Екипата на Струга Трим Љум презентираше две засилувања за тимот на Срѓан Захариевски. Стружани кои претходната година првпат настапија на евро-сцената, имаат амбиции да го нападнат горниот дел од табелата и во оваа сезона. Нови играчи на клубот од крај Охридското езеро се Па Омар Џобе и Сава Радиќ. 

Гамбиецот Џобе доаѓа на шестмесечна позајмица од редовите на Шкендија, каде што не добиваше шанса за настап и во потрага по минутажа. Тој настапува на позицијата централен напаѓач. 

Од друга страна, Радиќ се очекува да биде од огромна помош. Српскиот фудбалер настапува како десен бек, ама може да игра и како стопер и на левата страна. Радиќ беше дел од Академија Пандев и беше стандарден во Струмица, а со Струга потпиша двегодишен договор. 

Струга Трим Љум по есенскиот дел на сезоната во Првата македонска фудбалска лига се наоѓа на седмото место со 26 бода, осум помалку од третопласираната Шкендија, а шест повеќе од Скопје кој е прв „под цртата“. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк