Струга ТЉ ја засили дефанзивата, пристигна Бојан Илиевски

Македонскиот фудбалски шампион, Струга Трим Љум, не само што со засилено темпо ги одработува подготовките за предизвиците во Лигата на шампионите, туку и сериозно работи на засилување на својот играчки кадар.

Така, доцна во четвртокот го промовираше новото засилување. Бојан Илиевски од следната сезона ќе ги брани боите на стружани.

24-годишниот дефанзивец, кој може да одлично да одговори и на стоперската позиција, како и на десен бек, се реши да ги напушти редовите на Македонија ЃП и да се пресели во редовите на шампионот, каде ќе има можност да се натпреварува на врвно ниво.

Во својата досегашна кариера Илиевски настапуваше за матичниот Пелистер, како и за Работнички.