Струга ТЉ и Силекс ќе ја темпираат формата за време на репрезентативната пауза

За време на репрезентативната пауза уште два македонски прволигаши ќе ја темпираат формата со меѓусебен дуел.

Екипите на Струга Трим Љум и Силекс за в петок закажаа контролен натпревар. Домаќин ќе биде Струга, која што новата сезона во Првата македонска фудблска лига ја отворија брилијантно – со осум победи од осум натпревари. 

Срѓан Захариевски одлично ги вклопи коцките во струшките редови, неговите избраници играат модерен фудбал и покрај тоа што се лидери, со осумнаесет гола се и најефикасни во досегашниот дел од шампионатот.

Силекс пак, кој се врати во елитата исто така бележи позитивни резултати и со четири победи, два реми исхода и еден пораз е на втората позиција на табелата. Двете екипи веќе го одиграа првиот овосезонски дуел на кој славеше Струга со 2-1.