Струга ТЉ ако го мине Слован ќе има ривал од Словенија или Eстонија

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Љум ги дозна можните противници во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Се разбира, за тоа ќе треба да го мине првото коло во кое ќе одигра двомеч со екипата на Слован Братислава. Во случај на успех на нашиот шампион, во второто коло противник на Струга ќе биде подобриот ривал од двомечот меѓу Флора ТалинЦелје.

Во случај на елиминација, Струга ќе се префрли во второто коло од квалификациите за Конференциската лига.