• Горан Упале

Еден од претендентите за највисок пласман во сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Струга Трим Лум веќе се смести во Анталија, Турција, каде ќе ја одработи главната фаза од зимските подготовки.
Подготвителната фаза во Анталија, Турција има за цел тимот да ја подобри физичката и тактичката форма во пресрет на важните предизвици што го очекуваат во пролетниот дел од сезоната.
Покрај интензивните тренинзи, Струга во Турција ќе одигра и четири контролни натпревари, а првиот е веќе утре (19 јануари) против Тренчин од Словачка.
Три дена подоцна (22 јануари) противник на Струга ќе биде тимот од Узбекистан, Пахтакор. На 25 јануари стружани ќе имаат сериозен предизвик, затоа што на спротивната страна од теренот ќе го имаат руски Рубин Казан, додека последниот натпревар на турско тло ќе се одигра на 30 јануари против уште еден тим од руската фудбалска елита, Сочи







